ФИЛИПЧЕ И БИТИЌИ ИЗБРАНИ ЗА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ

0
1135

Министерот за здравство, Венко Филипче и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи се двајцата новоизбрани потпретседатели на СДСМ. Покрај нив функциите ги задржуваат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за образование, Мила Царовска.

Функцијата потпретседател до конгресот освен Спасовски и Царовска, ја извршуваа Мухамед Зекири и Коста Петров. Неофицијално, Љупчо Николовски останува генерален секретар, а Мартин Попов е новиот организациски секретар.

Претходно беше избран новиот Централен одбор од 120 членови од листата што пред конгресот ја предложија лидерот Зоран Заев и досегашното партиско раководство, согласно со номинациите што дојдоа од општинските конференции на СДСМ. Оставена е можност, во наредните четири години, ЦО да биде проширен со уште најмногу десет члена, согласно со промените на Статутот што се носеа денеска, а кои предвидуваат зголемување на бројот на членови на ова тело од 100 до 120 на 110 до 130.