ФЕУДАЛЦИТЕ ОД СТОПАНСКАТА КОМОРА НЕ САКААТ ДА ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА НЕДЕЛА КАКО НЕРАБОТЕН ДЕН: СЕ ЗАКАНУВААТ СО МАСОВНИ ОТПУШТАЊА СО ЦЕЛ ДА ЈА ПРИТИСНАТ ВЛАДАТА

0
698

“До 30% од работниците може да останат без работа, реализацијата на капиталните проекти станува неизвесна, може да дојде до застој во производството, повисоки трошоци, намалена продуктивност и несигурен поврат на инвестициите, ќе предизвика законското решение за недела неработен ден кое помина на Влада без да бидат земени предвид забелешките и предлозите на бизнис-заедницата” – реагираше Стопанската комора на Северна Македонија.

Комората апелираше Собранието да го преиспита ваквото решение и побара со Законот за работни односи да нема ограничувања и да се дозволи секоја дејност сама да одлучи дали ќе работи во недела.

Претставниците на градежниците, обложувалниците и прехранбената индустрија денеска нагласија дека неработењето во недела наводно не значело придобивка за работниците како што некој сака да прикаже, туку е прашање кое ги засега сите поради што мора соодветно да се реши.