НАПАЃАЧОТ НА ГОРАН МИЛЕВСКИ Е УАПСЕН БРАВО ЗА МВР И СПАСОВСКИ

0
629

Во #СамоВистина интервју со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски
Спасовски во вечерашното интервју во ,, Само Вистина,, изјави дека МВР денеска го привело лицето кој неодамна на плоштадот Македонија го нападна пратеникот и претседател на ЛДП, Горан Милевски. Станува збор за лице со иницијали П.В.
За настаните од 27-ми април, министерот Спасовски нагласи дека има сериозни индиции дека целта била да се одземат човечки животи и дека постоела организирана група со цел да изврши убиство врз одреден број пратеници , и била група која имала поддршка.
Внатрешната контрола на МВР покрена 42 дисциплински постапки, за 16 лица е изречена мерка отказ односно прекинување на договорите за работа за, 16 е изречена парична казна, две распоредувања на пониско место за двајца се запшрени постапките поради пензионирање. Останатите постапки се во тек, рече Спасовски. Врз основа на дополнителни информации и докази и постапки од Основното јавно обвинителство, Министерот за внатрешни работи за ,, Само Вистина,,нагласи дека се покренати уште две нови дисциплински постапки против две позиционирани лица во МВР кои биле фактори при носењето на одлуки.