ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ОДОБРИ ДОГОВОР СО НОВАВАКС ЗА НАБАВКА НА 200 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ ЗА БОРБА ПРОТИВ НОВИТЕ ВАРИЈАНТИ НА КОРОНАВИРУСОТ

0
271

Европската комисија одобри набавка на 200 милиони вакцини од американската компанија Новавакс. Според договорот, земјите-членки на ЕУ ќе можат да купат до 100 милиони вакцини, плус до 2023 година да можат да набават дополнителни 100 милиони, откако ќе бидат одобрени од регулаторната агенција на ЕУ за лекови (ЕМА).

“Додека во Европа и светот се шират новите варијанти на коронавирусот, новиот договор со компанијата што веќе успешно ги тестираше своите вакцини против овие варијанти е дополнителна препорака за заштита на нашата популација” – изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Договорот ќе им овозможи на земјите-членки на ЕУ да ги добијат првите дози на Новавакс веќе на крајот на оваа година.