ЕУ ПОВИКУВА НА ВОЗДРЖАНОСТ ОД МЕЃУСЕБНИ ПОЛИТИЧКИ ПРОВОКАЦИИ, ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР: ЕУ Е ПОСВЕТЕНА НА НАДМИНУВАЊЕТО НА СПОРОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО БУГАРИЈА

0
295
EU ambasador

“Сите сме мошне посветени кон заедничко изнаоѓање решенија што ќе доведат до отворање на пристапните преговори на Северна Македонија што е можно побрзо” – изјави евроамбасадорот Дејвид Гир.

Ги цениме напорите да се решат нерешените прашања меѓу Северна Македонија и Република Бугарија. Тоа е навистина важно и нешто кон што повикуваме, што се однесува до отворањето на самите преговори. Тука можам да го повторам она што го кажува раководството на ЕУ, се надеваме дека преговорите ќе се отворат што е можно побрзо” – истакна евроамбасадорот Гир.

На прашање да даде коментар за реториката на одделни бугарски политичари, како и на европратеник од Бугарија во однос на Северна Македонија, Гир рече дека кога станува збор за добрососедските односи, важно е политичарите да се воздржани во изјавите.