ЕУ БАРА ПОАКТИВНО СПРАВУВАЊЕ СО ТЕРОРИЗМОТ И ЕКСТРЕМНАТА ДЕСНИЦА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ТРЕБА ПОЛИТИЧКИ ДА СЕ РАСЧИСТИ СО ЗАБЕГАНИТЕ ЌОСИЊА, БАЧЕВ, ТМОРО-ВЕП, ТОДОР ПЕТРОВ, НДУ, ИЛИРИКУМ ЛИБЕРТАС И БАЛИСТИТЕ

0
1052

Европската комисија смета дека Северна Македонија постигна извесен напредок во борбата против тероризмот и спречувањето на насилниот екстремизам. Но мора да се направи повеќе во справувањето со заканата од екстремната десница.

Според студијата од 2012 година објавена од Фондацијата Фридрих Еберт, моментално активни ултранационалистички етнички македонски политички партии и организации се ТМОРО-ВЕП, ТМРО, Народно движење за Македонија (Единствена Македонија) и Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров. Кај Албанците, главни ултранационалистички партии и групи се Националната демократска унија, Илирикум Либертас и навивачкиот клуб Балисти.

Екстремната десница го покажа своето влијание за време на упадот во парламентот во април 2017-та година. Потоа неколку истакнати членови на екстремно десничарските организации, меѓу кои Горан Ангелов од “Андон Лазов Јанев Ќосето” од Велес и Игор Југ од “Владо Черноземски од Куманово беа уапсени, обвинети и затворени.

“Христијанско братство” е уште една десничарска организација чиј лидер Жарко Гроздановски беше уапсен поради видео во кое упатува закани кон премиерот Зоран Заев.