ЕКСПЛОЗИЈА ОД ЛУТИНА НА СТЕВЧО ГРОМОТ: МЕ ПРИСЛУШУВАА СО ГОДИНИ, ГИ ПРИСЛУШУВАА И ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА И СЕГАШНАТА, МОИТЕ ДЕЦА, НИ ПРОВАЛУВАА ВО ТРИ КУЌИ, НЕ’ СЛЕДЕА НА СЕКОЈ ЧЕКОР

0
1182

Во емисијата “Заспиј ако можеш” конечно се појави и поранешниот градоначалник на Карпош и министер за економија, Стевчо Јакимовски кој што очигледно се чувствувал под голем притисок од активностите што ги преземаат МВР, обвинителството и судството против него и реши пред јавноста да ги претстави своите аргументи како дел од одбраната.

Беше револтиран од наводната пристрасност на обвинителството на Рускоска која што му монтирала случаи против него а кои што реално не можеле да ги докажат бидејќи немале никакви релевантни докази против него и затоа прибегнале кон негово следење, шпионирање, прислушување, притворање и закани. Но тој е решен на сите да им се спротивстави, нема намера да бега и ќе ја докажел својата невиност за т.н. дивоградби и злоупотреба на финансии додека бил градоначалник на Карпош. Обвини дека и покрај тоа што со општински пари ги поставил бараките на општината со регуларен договор со фирма, сепак за сето тоа е покрената кривична постапка против него иако неговиот наследник на функцијата и натаму оди на работа во истите привремени објекти. Но сепак Рускоска го гони само Јакимовски а не и Стефан Богоев.

Потоа го спомна и фамозниот шоумен Боки 13, за кого рече дека уште рано препознал дека се работи за измамник. Рече дека баш истиот тој Боки доаѓал кај него во општина и му нудел договори за настапи со српските фолк пејачи но никогаш не би стапил во матни дилови со него како што тоа го направил Богоев со меморандумот во врска со изградба на старски домови на територија на Карпош со ослободување на комуналии. Баш поради тоа што Богоев се појавил како политички гарантор на тој меморандум, затоа бизнисменот Амзоски му префрлил огромна сума на Боки која што тој ја проневерил за свои лични цели. Исто така, Јакимовски искажа бес и лутина поради телевизијата на Боки која што му послужила како параван за нелегални дилови, а притоа на гости му оделе и високи функционери од СДСМ, од обвинителството и судството.

Стевчо Јакимовски имал сознанија дека бил следен и прислушуван уште додека бил градоначалник на Карпош, а потоа тие активности против него се засилиле. Бил следен и со ПИ мерки, следени биле и поранешната сопруга и сегашната, а исто и неговите деца. Обвини дека одредени лица му се заканувале дека ќе го малтретираат по полициски станици и притвори уште пред референдумот во 2018-та год., со цел да му ја расипат и свадбата на неговиот син. Симптоматично е тоа што спомна дека тајни агенти му влегувале насилно во неговите 3 куќи, му местеле камери и уреди за прислушување во нив и дека нон стоп го држеле на око.