ЕКСПЕРТОТ ЗА БАЛКАНОТ, ФЛОРИЈАН БИБЕР КОНСТАТИРА: ТИЕ ШТО ЈА БЛОКИРАА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ЕУ, НАЈМНОГУ ИЗГУБИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА

0
1051

“Оние што го блокираа стартот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, не добија ништо со својот национализам на изборите во Бугарија” – оцени во објава на Твитер луксембуршкиот универзитетски професор, историчар и експерт за Балканот, Флоријан Бибер.

“Имајќи ги предвид резултатите од изборите во Бугарија, дали можеме да кажеме дека никој од оние кои решија да ја блокираат Северна Македонија за преговорите со ЕУ, не профитираше од овој евтин националистички обид? Време е да се продолжи понатаму” – наведе Бибер во објавата.

На парламентарните избори во Бугарија победи коалицијата на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Сојузот на демократските сили (СДС), предводена од премиерот Бојко Борисов со освоени 25,8% од гласовите, пред партијата “Има таков народ” на Слави Трифoнов со 17,5% и блокот на Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 14,8%.