ЕКИПИТЕ НА ТППЕ КУМАНОВО СЕ БОРАТ СО ПОЖАРИТЕ, МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: АКТИВНИ СЕ ДВА ПОЖАРИ НА НЕПРИСТАПЕН ТЕРЕН И СЕ ЛОКАЛИЗИРАНИ КАЈ СЕЛАТА ЈАЧИНЦЕ И БЕЉАКОВЦЕ

0
959

“Eкипите на ТППЕ Куманово, секогаш на ниво на задачата и денеска активно се борат со огнената стихија, дејствуваат во гаснење на пожарот над село Довезенце, по претходна интервенција на локалитет Мургашки рид и во село Челопек. Голема благодарност до волонтерите и локалното население кои храбро се приклучија во гаснење на пожарите кои го зафатија овој регион.

Во моментов имаме два активни пожари кои се во непристапни подрачја на територија на општина Куманово во с. Јачинце и с. Бељаковце, и двата пожари се локализирани и дејствуваат екипи на ТППЕ Куманово и месното население.”
-ФБ СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО, МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ