ВМРО-ДПМНЕ СЕ ОТКАЖА ОД ОБВИНЕТИТЕ ОД 27-МИ АПРИЛ, ОД КАМЧЕВ И МИЈАЛКОВ, А ПАТРИОТИТЕ НА БАТЕРИИ ВЕЌЕ СЕ НА АПАРАТИ, ЕФТОВ: МИЦКОСКИ БАРАЛ ОД ПЕНДАРОВСКИ САМО ПОМИЛУВАЊЕ ЗА ЧАВКОВ

0
1290

Во емисијата “Во центар”, новинарот Васко Ефтов ги анализираше политичките случувања во Македонија.

На почеток го обелодени фактот дека земјата која што вршела притисок врз претседателот Пендаровски за ослободување од затвор на екс функционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Чавков била Франција преку нејзиниот поранешен амбасадор, Тимоние. Токму Франција беше виновник за првото вето на Македонија за преговори со ЕУ преку нејзиниот претседател Макрон, а потоа француско масло беше и ветото од Бугарија за ирационалниот спор во врска со идентитетот, јазикот и историјата. Како аргумент во прилог за таа теза, го наведе фактот што Бугарија не ни стави вето пред интеграцијата во НАТО бидејќи никој не ни можел да помисли да влезе во отворен судир со безбедносните интереси на САД на Балканот. Од друга страна, Ефтов ја смета ЕУ како село без кучиња, во која што не се знае кој пие и кој плаќа, па затоа Бугарија со прикриена поддршка од Франција, можела да си го дозволи ветото против нас.

Ефтов дополнително рече дека ВМРО-ДПМНЕ е одработува за руските интереси на Балканот, а со дозвола од Русите, дел од вмровските разузнавачки структури воспоставиле тесна соработка и со француските служби со цел да се избрише руската трага. Во таков контекст, се гледа француското интересирање за политичките позиции и интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата со Пендаровски, лидерот Мицкоски разговарал за 27-ми април само 4 минути, “уставобранителите” не ги ни спомнал, а го интересирало само помилување за Чавков. Ефтов се сомнева дека многумина во ВМРО-ДПМНЕ се плашат од можноста баш Чавков да пропее сензитивни информации и од тоа лесно да настрадаат. Од стратешки интерес на Мицкоски е во затвор да останат Мијалков и Камчев, со цел да не можат да оркестрираат преземање на лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ преку свои луѓе и платениот олош на социјалните мрежи.

Васко Ефтов особено потенцираше дека покрај политичка криза може да се продуцира и безбедносна криза во Македонија и Заев да падне од власт ако ЕУ дозволи Албанија да почне преговори без Македонија. Ова го поврзува со фактот што српскиот претседател Вучиќ најави дека е потребен договор меѓу Албанците и Србите како најголеми балкански нации а не меѓу Србија и Косово како држави. При таков епилог, колатерална жртва би била Македонија, со неминовно распаѓање по линијата Групчин-Подмоље што е и руски и бугарски интерес.