СТУДЕН ТУШ ОД ЕФТОВ: ВМРО-ДПМНЕ Е ПРЕД СВРШЕН ЧИН, САД БАРААТ ОД МИЦКОСКИ ДА БИДЕ КОНСТРУКТИВНА ОПОЗИЦИЈА ЗА РЕФОРМСКИТЕ ЗАКОНИ, СПОРОТ СО БУГАРИЈА И ПОПИСОТ

0
1066

Во емисијата “Во центар”, новинарот Васко Ефтов направи политичка маини анализа во врска со најголемите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои што остро ги критикува во секоја можна прилика.

Вакцинирањето на 2000 Македонци во Србија го смета за најголем пораз на Владата на Заев, а за министерот Филипче искажа остри забелешки поради тоа што за една година упропастил 80% рејтинг кај народот поради неговата наводна неспособност во текот на кризава. Потоа сеирџиски наведе дека СДСМ требал во најмала рака да го прати осудениот градоначалник Боро Марлборо во Бугарија за да украде неколку илјади вакцини и да ги прошверца во Македонија.

Како битна работа за опстанок на Владата и поддршка од меѓународната заедница во следниот период, смета дека тоа ќе биде изведувањето на успешен попис.

Од друга страна, го нарече Мицкоски за тотално несоодветен лик за да биде лидер на најголемата опозициска партија, кој што е крајно невешт и не може да се снајде во предизвиците што ги има Македонија. Тоа што помошникот заменик-државен секретар Метју Палмер му испорача три битни барања на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со Мицкоски и веднаш потоа американската амбасада излезе со официјално соопштение за темите на разговор, го толкува како дополнителен притисок на САД за ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна опозиција за реформските закони, надминувањето на спорот со Бугарија и пописот.