ЕБРД ЈА ДЕМАНТИРА ВМРОВСКАТА МЕНАЏЕРКА ДАНЕЛА АРСОВСКА ЗА БРТ СИСТЕМОТ: СЕКОЈ ПРОЕКТ ШТО ГО ФИНАНСИРАМЕ, ПРЕТХОДНО Е ДЕТАЛНО ПРОВЕРЕН ПРЕД ДА СЕ ОДОБРИ

0
1796

Проектот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов стана жежок костен за новата градоначалничка Данела Арсовска затоа што таа се дистанцира од досегашните проекти во тек. Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) реши да даде демант против паушалните тези на Арсовска.

ЕБРД рече дека детално се проверуваат сите проекти за кои се бараат кредити од нив пред да се одобрат. Така е и со автобуското метро (Бас рапид транзит – БРТ).

Со овој демант, ЕБРД се противи на намерите од Арсовска за прекин на проектот, за кој што е одобрен кредит од 70 милиони евра, поради наводни површни анализи.

“Објавуваме извонредно детални информации за сите проекти на нашата веб-страница. Сите наши проекти се предмет на многу детална проверка пред да бидат одобрени и горди сме на високите стандарди според кои се раководиме, и истото го очекуваме од нашите партнери и клиенти. Постојат голем број чекори на заштита и проверка, кои што ги применуваме да обезбедиме услови за нашите проекти да ги задоволат овие стандарди” – рече ЕБРД.

Градоначалничката Данела Арсовска прво рече дека можеби ќе има референдум за проектот и за него одлуката да ја донесат скопјани, а потоа рече дека ќе го стопира бидејќи е на штета на граѓаните наводно поради штети по зеленилото и водоснабдувањето на градот.

Арсовска тогаш обвини дека ЕБРД е како и секоја една банка, бидејќи не навлегува во техничките позиции на проектот.