Прес-конференција на Никола Мемов, портпарол на движењето ЗНАМ.
Почитувани медиуми,
Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата
безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската
политичка сцена, отвораат стари теми кои се отворени и затворени за
јавноста пред повеќе од 9 месеци.
За ЗНАМ денешниот прес организиран од новата и веќе етаблирана коалиција
помеѓу СДСМ и Левица, а во интерпретација на сомнително лице со
документирани здравствени проблеми од психолошка природа, за кое не сме
сигурни дека ја консумирала потребната дневна доза лекови е дежаву на
настаните од пред 4 години, односно за време на Локалните избори во 2021
година.
И тогаш, и сега токму пред локалните избори кои треба да се одржат во
октомври, на маса е истото неуспешно сценарио организирано од СДСМ.
И тогаш, и сега обвинувањата беа исти, и тогаш и сега СДСМ ќе доживее
дебакл на Локалните избори во Куманово и во цела Македонија.
Би сакале да ја потсетиме јавноста дека од страна на поранешната Влада,
еден од најголемите инвестициски проекти во Македонија, кој вреди
стотина милиони евра беше опструиран и закочен.
Компанијата ЛИДЛ и нивната инвестиција во индустриската зона Нивини и
Речица во Куманово е една од стратешките развојни активности како за
Куманово, така и за Македонија, која треба да обезбеди нови работни
места и економски раст во регионот.
На крајот од мандатот на поранешната Влада, сакајќи да обезбеди
политички поени пред Парламентарните избори минатата година ја
промовираше оваа капитална инвестиција и беа првите лопатари на чело со
поранешниот Премиер Димитар Ковачевски (Слики).



Не ни е јасно зошто тогаш ЛИДЛ беше одлична, а сега е непосакувана
инвестиција.
Очигледно дека СДСМ повторно тонејќи во сопствената мизирија и
неспособност се враќа назад на старите патеки и повторно ја презема
улогата на кочничар на економскиот развој на Македонија.
Заробени во своите навики дека од секоја приватна инвестиција треба да
извлечат личен бенефит и профит или народски кажано да рекетираат,
обвинуваат дека тоа го прават другите.
Во континуитет, СДСМ се води од народната поговорка:
„ Крадецот вели, држете го крадецот„.
Ние од ЗНАМ сме различни од нив и тоа безброј пати сме го докажале.
Ние сме дома, во Македонија, а не во Дубаи на журките на Хариз Џиновиќ,
не градиме облакодери во Дубаи, ние градиме за граѓаните на Македонија.
Ние ниту сме Зоран Заев кој направи милиони евра од ископите во РЕК
Битола (за кои сега има постапки), ниту сме Венко Филипче кој земаше
провизии за набавка на вакцини, реагенси и респиратори во Ковид кризата.
Би сакале да упатиме неколку пораки до СДСМ и јавноста во врска со една
од најголемите капитални инвестиции во Македонија:
Нема ништо скриено.
Сè е јавно.
Сè е може да се провери.
Сè е законски.
Ова не е политика – ова е дефокус од вашите корупциски афери.
СДСМ е партија во паника.
Додека институциите ги отвораат вистинските скандали од вашето време –
тендери, проневери, договори во четири очи и партиски вработувања – вие
се обидувате да го одвлечете вниманието на јавноста со напади врз
градоначалникот на Куманово.
Куманово е доказ дека можеме поинаку.
Денес, по децении на запоставеност, Куманово е препознаен како пример за
локален развој. За прв пат, како никогаш досега градот добива сериозни
странски инвестиции.
Се отвораат нови работни места. Се гради. Се живее со надеж.
ЗНАМ ќе продолжи. Без страв. Без компромис.
Ние нема да се повлечеме. Ќе продолжиме да го градиме Куманово и да
работиме за секој граѓанин, чесно и одговорно.
Ќе ја продолжиме битката за локална и национална промена, заснована врз
вистина, работа и интегритет.
Македонија гледа напред.
Куманово оди напред.
ЗНАМ ќе биде таму – на страната на правдата, законот и граѓаните.
Центар за комуникации и аналитика