ЏАФЕРИ: ОПОЗИЦИЈАТА БЛОКИРА 28 ЗАКОНИ ВО ПРОЦЕДУРА ИАКО БЕШЕ ПОСТИГНАТ ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР

0
756

Претседателот на Собранието Талат Џафери посочи денес дека во Собранието се блокирани 28 закони и покрај политичкиот договор меѓу лидерите на двете најголеми парламентарни партии и разговорите со лидерите на АА и Алтернатива.

“По однос на блокадата, мислам дека лидерите се договорија да ја одблокираат работата на Собранието и јас немам причина да размислувам околу тоа. Ако договориле, имаат координатори тука, нека седнат нека кажат што договориле и во која постапка да се одблокира она што е блокирано” – рече Џафери.
Според анализата на спикерот, ВМРО-ДПМНЕ блокираат 6, АА и Алтернатива 21, а Левица еден закон.

За 5-ти мај, Џафери рече дека ќе закаже неколку седници на кои дебатата е завршена и е останато само гласањето, дел се закони во прво читање, дел во второ. Следната редовна седница на Собранието ќе биде закажана на 18 мај.

Џафери презентираше анализа за присуство на пратениците на седници од јануари наваму во контекст на забелешките што Собранието ги добива за немање кворум и немање можност за работа на Парламентот. Првиот човек на законодавниот дом кажа дека на ниту една од тие седници немало под 61 пратеник, а во салата немало доволен број пратеници бидејќи опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштале салата и условувале. На најголем дел од седниците за присуство биле потпишани по стотина и повеќе пратеници.