ДУИ НЕ ПОДДРЖУВА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НА ПРОЛЕТ, ОСМАНИ: НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБА ПОЛИТИЧКА СТАБИЛНОСТ И ПРЕДВИДЛИВОСТ

0
623

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека сега нема потреба од брзи предвремени избори бидејќи државата има потреба од политичка стабилност и предвидливост.

“Пред нас се важни прашања и во делот на можностите и во делот на кризите коишто треба да ги надминеме. Од 2006 година речиси секоја година државата е во избори, дали се тоа парламентарни, претседателски или локални, референдум. Мислам дека немавме ниту една година од 2006 досега да нема избори. Изборите значат три до четири месеци парализирање на системот. Соберете ги тие три до четири месеци во последните 11 години, тоа се изгубени години поради честите изборни циклуси. А да не ја забораваме тука непредвидливоста што се создава врз бизнисот, странските инвеститори” – изјави Османи.
Ова парламентарно мнозинство треба да продолжи да работи до редовните избори во 2024 година.