ДУИ ЈА ПОДДРЖУВА ОДЛУКАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАЈДЕН ПРОТИВ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈАТА НА БАЛКАНОТ: ПРЕСПАНСКИОТ И ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР СЕ НАШИ ЦРВЕНИ ЛИНИИ

0
958

ДУИ ја поздравува одлуката на претседателот Џо Бајден со која се предвидува санкции, замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на сите оние кои што ќе го дестабилизираат Западниот Балкан, ќе бидат вмешани во корупција или ќе ги поткопуваат демократските институции.

Во ДУИ сметаат дека оние кои што ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан се јасно етикетирани и меѓу нив се вклучени и оние кои работат против Преспанскиот и против Охридскиот рамковен договор кои се црвени линии и на интегративците.

“ДУИ целосно ја поддржува одлуката на САД, нивната посветеност за унапредување на отчетноста и борбата против корупцијата во Западен Балкан но и низ целиот свет. ДУИ како одговорна партија во Република Северна Македонија ја поздравува одлуката на Белата куќа за гарантирањето на безбедноста и политичката стабилност на Западен Балкан, а посветеноста на администрацијата на Бајден за унапредувањето на основните интереси во заштитата на демократските институции, ДУИ ќе ја поддржи и никогаш нема да се двоуми” – рекоа од ДУИ.