ДРЖАВАТА ВЕЌЕ ИМ ДАДЕ ПОМОШ НА МЕЛНИЧАРИТЕ, А ТИЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ИМ ЈА НАМАЛИЈА ОТКУПНАТА ЦЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, АРИЈАНИТ ХОЏА: НЕ ГИ ПРИФАЌАМ УЦЕНИТЕ НА МЕЛНИЧАРИТЕ НА ШТЕТА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

0
821

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа директно им порача на мелничарите дека не ги прифаќа нивните уцени. Најави состанок со нив наредните денови и смета дека и тие се виновни за актуелната ситуација.

Според Хоџа, кога се даваат дополнителни средства на мелничарите, излегува дека колку помош и да даде државата, за толку тие им намалуваат на земјоделците во делот на цената.

“Мислам дека ќе се изнајде решение, но поставување уцени нема никогаш да прифатам, а не верувам дека на таков начин ќе прифати и Владата. Мелничарите многу добро знаат дека во одредени периоди и тие се виновни за ситуацијата во која се наоѓаме сега, а генерално цените во регионот се солидни зашто има недостаток и не очекувам дека ќе биде проблематична сезоната кај нас” – рече министерот Хоџа.