ДРЖАВАТА ПОЛЕКА СЕ СТАБИЛИЗИРА, НАРОДНА БАНКА: НЕТО НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ СО КВАРТАЛНО НАМАЛУВАЊЕ ЗА 95 МИЛИОНИ ЕВРА

0
204

“На крајот на првиот квартал од 2021 година, нето надворешниот долг изнесува 3 милијарди и 297 милиони евра или 28,4% од БДП, што е квартално намалување за 95 милиони евра” – соопшти Народната банка.

Бруто надворешните побарувања изнесуваат 6 537 милиони евра или 56,4% од БДП и се зголеми за 1 милијарда и 298 милиони евра.

Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 6 милијарди и 985 милиони евра или 60,2% од проектираниот БДП за 2021 година и на квартална основа бележи намалување за 35 милиони евра. Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел или 83% се нето обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал.