Д-Р СТЕВАНОВИЌ: ИМАМЕ ДОБРА КООРДИНАЦИЈА СО ДРУГИ КОВИД ЦЕНТРИ, НИТУ ЕДЕН ПАЦИЕНТ НЕ Е ОСТАВЕН БЕЗ ГРИЖА

0
711

Директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ вечерва на гостувањето на телевизија Телма изјави дека потешката клиничка слика која ја развива британскиот сој на вирусот, за жал носи и млади и здрави животи.

“Новата варијанта на вирусот остава подруга слика и тоа не само во симптомите, туку и во тежината на болеста, времетраењето на болеста и во времето кога се појавуваат симптомите. Ако претходно научивме една динамика на негово развивање и очекувавме компликација 7-8 ден и потоа 10-11 ден како можност за наредно влошување на состојбата, сега се остава впечаток дека оваа варијанта дава влошувања и после 13-14 ден, но и на самиот почеток на болеста. Така што многу е непредвидлив и за жал развива многу потешка клиничка слика” – истакна Стевановиќ во емисијата “Топ тема”.

“Во однос на лекувањето, по ништо не се разликуваме од она што се применува во регионот и во светот.”