Д-Р ПАНОВСКИ: СМРТНОСТА НИ Е 30% ОД БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ, ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ

0
696

Во денешното гостување во тема на денот на тв Сител, епидемиологот д-р Никола Пановски, смета дека според бројот на хоспитализирани можеше да се очекува драстичниот раст на број на починати од коронавирусот.

“Се слушна процентот на починати на инфективната и ГОБ “8 Септември” од координаторот, професор д-р Докиќ дека е 25, меѓутоа од разни статистики, процентот на смртност е околу 30 проценти. Не е тешко да се пресмета дека ако имате 1700 хоспитализирани, колку ќе си одат дома а колку нема да си одат дома и од таа бројка ќе испадне околу 500. Сметајте дека во следните 10 дена тоа ќе варира, меѓутоа тоа е процентот. Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек. Барем кај нас лекувањето мислам дека е такво какво што беше есента и бројот на смртните случаи го следи бројот на новооткриените случаи на хоспитализираните пациенти” – истакна д-р Пановски.