Д-Р КАРАЏОВСКИ: НЕПОВОЛНА Е СИТУАЦИЈАТА СО КОРОНАТА, ЗАТОА ГИ ПРЕДЛОЖИВМЕ НОВИТЕ МЕРКИ

0
712

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, кажа дека епидемиолошката состојба се’ уште не е катастрофална, но е неповолна. Тој вели дека новите мерки не се донесени порано поради тоа што се чекале податоци од цела недела. Караџовски објасни дека коронавирусот е распространет низ цела држава, а здравствениот кадар е веќе преморен.

“Овие мерки се сега бидејќи вирусот не е истиот од ноември, а кумулативниот број на болни и хоспитализирани не е ист. Ако тогаш кажувавме дека имаме од 800-1000 случаи и дека може да изменаџираме, сега не е така. Се случува бум од новозаразени. Има од 1200-1300 заболени. Имаме огромен број на новозаразени случаи со Ковид-19, поради што во краток временски период од две-три недели се наполнија болниците. Сигурна е епидемиолошката состојба кога нема ширење на вирусот, второто е катастрофлна и неповолна. На територија на целата држава имаме распространето ширење на коронавирусот. Бидејќи ја менаџираме се’ уште ситуацијата, истата не би ја оценил како катастрофална, бидејќи имаме уште здравствени капацитети. Нам ни е проблем здравствениот кадар во моментов. Ниеден пациент не е без медицинска нега. Здравствените работници се функционални се’ уште, но преморени и не знаеме до кога ќе бидат функционални” – рече д-р Караџовски.

На прашањето зошто сега мерки, а не минатата недела, тој истакна одлуките не ги носат од денес за утре.

“Се прави анализа на неделна и двонеделна основа. Ја покриваме состојбата на недела или две. На ниво на недела сме имале зголемување на 26 проценти” – рече д-р Караџовски.