ВМРО-ДПМНЕ ЗАСТАНА ЗАД ПРОТЕСТИТЕ СО НАВРЕДИ И ГОВОР НА ОМРАЗА КОН ДОКТОРИТЕ, МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ И НОВИНАРИТЕ, КУЗЕСКА: ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ, ЗАШТИТЕТЕ СИ ГО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ, СЛЕДЕТЕ ГИ ОФИЦИЈАЛНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДА ЈА НАДМИНЕМЕ ПАНДЕМИЈАТА

0
993

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски застанаа зад протестите кои го загрозуваат јавното здравје и на кои се ширеше говор на омраза.

СДСМ најостро ги осудува пораките, извиците, говорот на омраза и навредите кои јавноста можеше да ги слушне, а беа упатени кон докторите, медицинскиот персонал, но и кон новинарите.

ВМРО ДПМНЕ застана позади протест на кој новинарите беа нарекувани платеници и нивната работа беше омаловажувана.

Во време на пандемија и новинарите се тие кои секојдневно се изложени на ризик по своето здравје, но и по здравјето на нивните најблиски.

Новинарите се тие, кои со единствена цел да ја информираат јавноста, секојдневно се во опасност да се заразат од Ковид-19, додека професионално ја вршат својата работа.

Токму новинарите се тие кои во скафандер ризикуваа и влегоа во ковид болниците, меѓу пациентите со тешка клиничка слика, се’ со цел да ја подигнат свеста на граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и да го прифатат процесот на имунизација.

Тие се луѓето од кои секојдневно ги добиваме потребните информации и тие најмалку треба да бидат навредувани и нарекувани платеници и тоа на протест поддржан од ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски – посочен извор на лажни вести, чиј ментор е бегалецот од Будимпешта, место од каде според словенечки новинари-истражувачи, се финансираат одредени медиуми во Северна Македонија кои пласираат лажни вести, а денес се гласни против вакцините, против мерките за заштита од Ковид 19 и го поддржуваат протестот на којшто професионалните новинари беа навредувани.

Почитувани,

Мицкоски се повеќе се докажува како неодговорен политичар кој очајно гледа шанси во вакви и слични протести и на кого му одговараат лажни вести – впрочем и тој самиот како сопственик на фб профил и беше посочен за извор на лажни вести во студија на ЕУ.

Ако има и минимум одговорност, Мицкоски треба да излезе и да повика на почитување на мерките и масовна вакцинација, а не да поддржува протести со кои се нанесува штета на здравствениот систем и се напаѓаат новинари и доктори.

Почитувани,

Денеска повторно ги повикуваме сите кои кои досега не сте вакцинирани да го направите тоа што поскоро во најблискиот вакцинален пункт, да си го заштитите своето лично здравје и на најблиските.

Не подлегнувајте на лажните вести, следете ги официјалните информации, почитувајте ги мерките за заштита и само на тој начин ќе ставиме крај на пандемијата со коронавирусот.