ВМРО-ДПМНЕ застана јавно зад одлуката на Данела Арсовска за членка на управниот одбор на МКЦ да ја предложи Јелена Жугиќ. Таа како лице од груевистичкиот режим која бараше со гумени куршуми да се реагира против шарените протести.
Трагикомичната реакција на вмровците се правдаше со тезата дека Јелена Жугиќ е истакнат македонски актер, реномиран првенец на Театар Комедија. Тaa имала добиено награда за најдобар млад глумец во 1996 година, а во 1997 година на Националниот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп награда за најдобра глумечка креација.