Во емисијата “Што не е јасно?” гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски. Најголем дел од критиките ги упати кон градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Според него, иако градоначалникот правел пиар кампања со слоган “Скопје – една поинаква приказна” сепак немал тој со што да се пофали за да остане запаметен кај скопајни. Рече дека неколку асфалтирања што ги направил, биле всушност продолжени проекти од Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ и дека немал ништо свое осмислено и реализирано. Единствено Шилегов знаел да руши галии а следни на пик за рушење му биле Триумфалната капија на глупоста и споменикот Букефал на плоштад.