ВМРО-ДПМНЕ СМИСЛИ НОВО АЛИБИ ПРОТИВ ПОПИСОТ, ИЛИЈА ДИМОВСКИ БАРА И ВАКЦИНИРАНИ ПОПИШУВАЧИ?!

0
1518

Во гостување на “Само вистина”, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски жестоко се спротивстави на одржувањето попис поради наводната небезбедност на процесот во екот на пандемијата. Таа прокламативна грижа за населението е само уште очаен обид за политички поени на штета на државниот интерес да имаме валидни бројки за сите идни планирања.

Наведе дека попис во вакви услови ги става граѓаните во голем ризик да си го загрозат своето здравје и дека во најмала рака требале да обезбедат вакцини за попишувачите кои што 20 дена ќе одат по домовите. Вистината е дека оние што ќе бидат пратени да попишуваат, ќе бидат потполно здрави и ќе ги почитуваат мерките за лична заштита. Тоа значи дека пописот ќе биде побезбеден и од секојдневно одење во маркет.

Упати обвинување кон директорот на ДЗС, Апостол Симовски со паушалната теза дека тој да бил така упорен за купување вакцини како што е за спроведување на пописот, тогаш Македонија веќе би била на крај со пандемијата.