ВМРО-ДПМНЕ НАЈАВИ ВОЈНА ПРОТИВ БРИСЕЛ И ВАШИНГТОН И ПОТОА ХРАБРО ИЗБЕГА ОД ФРОНТОТ, МИЦКОСКИ: НИЕ ГИ ПОЧИТУВАМЕ СТРАТЕШКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА НАШИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ПАРТНЕРИ НО ЌЕ ГИ ШТИТИМЕ МАКЕДОНСКИТЕ

0
1030

“ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на нашите партнери. Заедно со ЕУ, тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, а тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија” – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање на одбележувањето на 30-тиот роденден на Унијата на млади сили.

“И таа борба за мене е завет. ВМРО е народна партија и секогаш била и ќе остане народна партија. Главното прашање е колку со договорите се подобри квалитетот на живот и дали народот е задоволен неколку години потоа, каде се ветувањата на Заев дека ќе дојде ЕУ, дека ќе дојдат високите плати, бесплатното здравство, отворање на границите и бесконечни можности. Јас сум реалист и треба реално да се говорат работите” – рече Мицкоски.

“Тие сакаат да мислите дека сите сме извалкани со истата кал. Постојано да сте разочарани од политичарите со девизата што да правиме, сите се исти. А не сме исти. Дури ни тие во СДСМ не се исти, туку се заглавени и киднапирани од триесетина души” – рече Мицкоски.

После победата на локалните избори вети одговорност за сторителите заедно со некакви полициски душкала и кодоши помеѓу нив и дека ќе ги исправеле стратешките национални грешки на Владата предводена од Зоран Заев.