ВМРО-ДПМНЕ МАНИПУЛИРА ДЕКА МИЦКОСКИ БИЛ ЖРТВА НА ИСЛАМИСТИЧКИ ЗАКАНИ ПОРАДИ ЈАВНАТА ПОДДРШКА ЗА ИЗРАЕЛ

0
1122

ВМРО-ДПМНЕ извести дека по поддршката од страна на лидерот Христијан Мицкоски на правото на самоодбрана на Израел, тој се соочил со големи организирани напади од страна на радикални исламистички структури кои му се закануваат по однос на неговиот живот и животот на неговото семејство. Опозициската партија реагира што досега не виделе никаква реакција од МВР за да го заштити претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговото семејство.

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ направи паралела за според него двојните аршини на МВР под водство на Спасовски, кое во едни случаи експресно реагира, а во други, кога треба да се заштити некој политички неистомисленик на Заев, нема реакција.