ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОДДРЖИ “НЕЗАВИСНА” КАНДИДАТКА ЗА СКОПЈЕ КАКО ВО СЛУЧАЈОТ СО БАБА ГОГА: ДАНЕЛА АРСОВСКА ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ ТРКА ПРОТИВ ШИЛЕГОВ

0
1574

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска ќе глуми независна кандидатка на изборите за градоначалник на Град Скопје со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ како што и досега се најавуваше во политичките кругови. Иако декларативно им се обраќа на “чесни луѓе”, тешко дека ќе привлече голема поддршка од неопределените и незаинтересираните за гласање.

“Би сакала со Вас јавно да споделам и официјално ја објавам својата кандидатура како независен кандидат за градоначалник на Град Скопје и ја барам поддршката од сите Вас чесни луѓе кои сакаат промени. Време е да делуваме различно од досега, а времето не чека никого. Доаѓа крајот на политички агенди и лажни ветувања. Политички калкуланти, лаги и корупција континуирано ни ги одземаат шансите за нормален живот. Заткулисни игри предолго го окупираат градот и неговото функционирање, а незадоволството кај граѓаните континуирано се зголемува. Или ќе стоиме на страна или ќе се спротивставиме и ќе почнеме заедно да ги менуваме работите. Партизираност на институциите или одлучност и професионалност за пристоен живот! Време е да се одбере – празни ветувања, нереализирани проекти или вредни, способни и исполнителни личности кои нема да потпаднат под политички притисоци и нема да се откажат од својата визија. Ние како граѓани не бараме многу. Не бараме лажни ветувања кои никогаш нема да бидат исполнети од страна на политичарите. Напротив, ни требаат храбри личности кои ќе ги застапуваат нашите права и привилегии и ќе се грижат за нашите потреби за достоен живот како што заслужува секој еден граѓанин. Мора да имаме храброст и да кажеме: Ние заслужуваме подобро!” – објави Данела Арсовска.