ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО ШТИТИ КРИМИНАЛОТ НА КАМЧЕВ, МЕНКИНОВСКИ: НЕ СЕ ВАЛИДНИ ДОКАЗИТЕ ПРИБРАНИ НА НЕЗАКОНИТ НАЧИН

0
1007

“Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ако имало било какви индиции за наводно бегство на Јордан Камчев, согласно закон била должна да го извести Бирото за јавна безбедност, а тоа требало да го извести Јавниот обвинител” – изјави денеска адвокатот Тони Менкиновски, по повод поднесување на претставка за несовесно и нестручно работење на судијата на претходна постапка до Републичкиот судски совет. Одбраната на Камчев смета дека доказните прибирани на незаконит начин или со кршење на слободите и правата, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука.

“АНБ нема добиено судска наредба за спроведување на мерки за тајно собирање на податоци и информации од страна на судот, односно од страна на Врховниот суд на РС Македонија. Дека се работи за скандалозно изрекување на најстрога мерка за обезбедување (мерка притвор), изречена врз усна белешка на доушник, и не презентирање на докази на нас како одбрана, потврдува и премиерот на РСМ, кој како носител на извршна власт и ингеренции можел да има увид во извештајот на АНБ” – изјави Менкиновски.