ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА ВО ТИВКА КОАЛИЦИЈА, ЗАЕДНИЧКИ ПОДНЕСОА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ПРОТИВ СПИКЕРОТ ТАЛАТ ЏАФЕРИ: ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ТЕСТИРА ПОДДРШКАТА ОД ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕ

0
739

ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од Левица поднесе интерпелација во Собрание против спикерот Талат Џафери.

“Како главна причина за интерпелацијата е што Талат Џафери во Европскиот парламент зборуваше на албански јазик, а тоа не е во согласност со Уставот” – изјавија денеска Гордана Силјановска-Давкова и Димитар Апасиев.

“Нашиот претседател Џафери не е човек на парламентот туку е човек на Владата, не се однесува како прв меѓу еднаквите, туку се однесува како господар на Собранието, а ние се чувствуваме како да сме советодавно тело. Ниту е неутрален ниту е правичен ниту е непристрасен” – рече Силјановска-Давкова.

Како втора причина за интерпелацијата е што од пред извесно време, во Собранието сите материјали и закони стигнуваат во два дела: на левата страна на македонски, на десната страна на албански јазик.

Третата причина е гласањето на заразени пратеници во скафандери и со тоа наводно бил прекршен протоколот.

Левица ја најави интерпелацијата во петокот, а ВМРО-ДПМНЕ тогаш објави дека ќе поднесе и кривична пријава против Талат Џафери за кршење на Уставот.