ВМРО-ДПМНЕ ДА ЈА ПОДНЕСЕ РЕЗОЛУЦИЈАТА СО УСТАВНОТО ИМЕ, ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: ЌЕ ЈА ПОДДРЖИМЕ ТАА РЕЗОЛУЦИЈА САМО АКО НЕ ГО КРШИ УСТАВОТ

0
855

“Нема да гласаме за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името (С. Македонија) како што е сега поднесена. Не се работи за инает или за некаков каприц. Се работи за принцип, се работи за Уставот. Недозволиво е премиерот, владејачкото мнозинство, институциите на системот да гласаат спротивно на Уставот. Тоа испраќа порака дека го дерогираме целиот систем” – изјави премиерот Заев.

СДСМ ќе ја поддржи резолуцијата само со уставното име бидејќи се согласува за суштината и за содржината на резолуцијата. Владата и владеачкото мнозинство истовремено ги застапуваат институциите на системот на државата и не е дозоволиво да помислат на нешто што е спротивно на Уставот и Законот за ратификација на Преспанскиот договор.

“Во едни такви околности ќе се обидам да разговарам со раководството на ВМРО- ДПМНЕ или нашите министри кои комуницираат со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за да усогласат став и за да не се пропушти можноста да застанеме заедно зад тоа што сите се согласуваме” – изјави премиерот Заев.