ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ, ПАУНОВСКИ: ДОЗВОЛЕНА Е ДОСТАВА НА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ПО 20Ч. СО СООДВЕТНИ ДОЗВОЛИ ЗА ДВИЖЕЊЕ И НОЌНА РАБОТА

0
748

“По 20 часот кога почнува полицискиот час, дозволено е да се врши достава на храна и пијалаци, но сите што вршат достава на храна мора да имаат соодветна дозвола за движење и во Државниот иснпекторат за труд да бидат пријавени за ноќна работа” – изјави денес на прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски. Во однос на цените на лековите, посебно на оние за превенција и заштита од корона, Државниот пазарен инспекторат нема ингеренции.

“Немаме никаква надлежност да ги следиме тие покачувања на цените, освен ако истакнатата цена на лекот не е ставена и во фискалната каса. И во земјава и во цела Европа владее пазарна економија. Она што има државна цена како нафтата, таму може да делуваме ако има поскапување или поевтинување. Лани кога беше вонредна состојба имаше производи кои не смееја да поскапат. За жал, сите производи што поскапуваат влијаат на пазарната економија, но сме прифатиле да бидеме пазарна економија” – објасни Пауновски.