ДОЛЖНИ СМЕ ДА ИМ ПРЕЗЕНТИРАМЕ НА ГРАЃАНИТЕ ШТО СМЕ РАБОТЕЛЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА, ЗАЕВ: СПОРЕД ЗАКОН, ВО ТЕК НА КАМПАЊАТА ЌЕ ПРЕЗЕНТИРАМЕ ШТО ПЛАНИРАМЕ ДА РАБОТИМЕ ВО ИДНИНА

0
918

Премиерот Зоран Заев изјави дека презентирањето на досега сработените проекти не е противзаконски и дека сите сакаат да им покажат на граѓаните на што се работело за време на пандемијата.

“Должност е на сите да им предочиме на граѓаните што е направено, сите информации. Пред неколку дена бев и со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Сите овие се инвестиции и се работеа за време на најнеочекувана светска криза пандемијата од Ковид-19, со што дадовме дополнителен импулс на економскиот развој на државата, но и се решија вековни проблеми. Генерално законот јасно опишува кога е дозволено, кога не е дозволено. Ние го почитуваме законот. Сакаме да им предочиме на граѓаните нешто позитивно, затоа што психолошката траума влијае кај сите нас од пандемијата, која трае” – рече Заев.

СДСМ не промовира изборни програми, не кажува што ќе се направи туку само ги констатира работите за кои Владата вложила труд и финансии.

“Не се прави нешто посебно сега од тоа што се правеше пред шест месеци или пред една година. Секогаш се прави отворање на објектите, пуштање во употреба, благодарност кон инвеститорите, до самите институции кои вложуваат во вакви капитални објекти се со конечна цел да испраќаме позитивна порака, да констатираме кај граѓаните за се’ што се работи успешно, а секако кога ќе дојде 17. октомври, граѓаните сами ќе си одлучат што е најдобро за нивната општина и за Градот Скопје” – изјави премиерот Заев.

“Забелешките коишто беа дадени од тогашната опозиција, предводени од мене, беа вградени во Изборниот законик и денеска ќе го видите членот 8а во којшто се наведува прецизно, во согласност СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Беса, Алијанса, ДПА тогаш сите што беа и денеска тоа е консензус на сите како потреба да се отстранат тие слабости и тие се отстранети. Затоа денеска се знае кога имате да пуштате објекти, а кога е тоа забрането, кога имате право да користите јавни ресурси, кога е апсолутно забрането. Казните се внесени во Изборниот законик, па дури и некои казни се внесени во Кривичниот законик. Оттогаш постигнавме договор и го почитуваме сите, вклучувајќи ја и опозицијата затоа што опозицијата некаде има локална самоуправа” – рече Заев.