ДОДЕКА ХУСНИ ИСМАИЛИ ОД АЛТЕРНАТИВА ЧЕКА ДА ГО НАЗНАЧАТ ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ, ДКСК ВЕЌЕ МУ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ ВО ОЈО: КАКО ЕКС МИНИСТЕР НА КУЛТУРА, СКЛУЧИЛ 100 ДОГОВОРИ ВО ПОСТИЗБОРЕН ПЕРИОД, НАДВОР ОД ЗАКОНОТ ЗА БУЏЕТИ

0
1072

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) официјално соопшти дека во ОЈО е поднесена иницијативата за кривично гонење против поранешниот министер за култура, Хусни Исмаили од Алтернатива за потпретседател на Собранието.

Членот на ДКСК, Владимир Георгиев рече дека тој министер постапувал спротивно на Законот за буџети и Законот за извршување на буџети за 2020 година со тоа што во постизборен период потпишал околу 100 договори и анекс договори и со тоа му создал обврски на Министерството за култура од над 33 милиони денари.

“Со Законот за буџети се предвидува дека буџетските корисници не смеат да преземаат обврски кои пристигнуваат во тековната година или да се направат расходи над одобрените средства од буџетот. Со член 4 од Законот за извршување на буџетот за 2020 година се наведува дека буџетските корисници и единки не смеат да преземаат обврски или да направат расходи над лимитот за одобрените средства од Буџетот. Според член 37а за извршување на буџетот, на буџетскиот корисник е одговорен раководителот на буџетскиот корнисник. Врз основа на ова прекршување, ние ја подготвивме иницијативата и веќе е доставена до ОЈО за понатамошно постапување” – изјави Георгиев.