“Вакцините од кинескиот производител Синовак се очекува да пристигнат до крајот на месецов” – најави министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција со амбасадорот на НР Кина, Џанг Ѕуо.
Се очекува со новите вакцини, бројот на вкупно вакцинирани граѓани во земјава да достигне околу 600 илјади.
“Од јули најавени се сите други поголеми количини на вакцини. Како што е првично најавено, треба да стигнат 350 илјади од вакцините на Фајзер и преку Ковакс системот” – рече Филипче.
“До крајот на летото ќе постигнеме процент на имунизирани за кој ќе можеме да кажеме дека е колективен имунитет” – додаде Филипче.
Досега се вакцинирани нешто помалку од 300 000 граѓани, а во следниот период со помош на кинеските вакцини ќе се имунизира поголем број од населението.