ДВОДНЕВЕН СОСТАНОК НА МЕШОВИТАТА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА КОМИСИЈА ЗА ИСТОРИСКИ ПРАШАЊА: ЌЕ СЕ БАРА УСОГЛАСУВАЊЕ НА СТАВОВИТЕ ЗА 10-ТИ И 11-ТИ ВЕК

0
971

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска и утре ќе одржи нов онлајн состанок.

На претходната средба која се одржа во изборен период во двете земји не беа усвоени никакви решенија и препораки.
Членовите на Комисијата од македонската страна тогаш рекоа дека не биле усвоени решенија и препораки поради исклучивиот пристап на колегите од Софија и нивното инсистирање да се наметне нивното гледање на минатото.

Во пресрет на денешниот состанок на Комисијата, копретседавачот од бугарска страна Ангел Димитров рече дека пак ќе се разговара за она за што се зборува веќе пет состаноци по ред.

“Заглавивме во 10-ти – 11-ти век, крајот на Првото бугарско царство, времето на цар Самуил и неговите наследници. Не останува време да разговараме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев” – рече Ангел Димитров.

Тој смета дека македонските историчари не биле подготвени да работат според принципите карактеристични за секоја наука, упатувањето и почитувањето на фактите и изворите.