ДКСК МОРА ДА СЕ ПОДДРЖИ СО БУЏЕТОТ ЗА ДА МОЖЕ УСПЕШНО ДА РАБОТИ: ПОТРЕБНИ СЕ УШТЕ 6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА КАПИТАЛНИ РАСХОДИ, РЕЖИСКИ ТРОШОЦИ И НОВИ ВРАБОТУВАЊА

0
870

Дополнителни 6 милиони денари бара Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од државниот буџет за 2022 година. Тоа беше изнесено на вториот ден од расправата по Предлог-буџетот за 2022 во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според Катица Николовска, член на ДКСК, Државната комисија за спречување на корупцијата побарала 13 543 000 денари за 2022 година, но со Предлог-буџетот ѝ се доделуваат само 10 милиони денари. Тие 3 543 000 денари се незначителни за државниот буџет, но се многу важни за ДКСК.

Од дополнителните шест милиони денари, три милиони се за капитални расходи, а останатите се за подмирување на основните режиски трошоци.

ДКСК мора да има ресурси за да работи успешно. Просторните услови се решени, но има потреба од нови вработувања. Засега во Комисијата се вработени вкупно 34 лица што е 50% од предвидените.