ДИК ГО ПОТПИША ДОГОВОРОТ ЗА ФИНГЕРПРИНТ ТЕРМИНАЛИТЕ, ДАШТЕВСКИ: ДОГОВОРОТ ОПФАЌА ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА, РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ, БЕЗБЕДНОСТ ЗА ЧУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ ОД ДЕРМАЛОГ ВО СЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ

0
840

Државната изборна комисија (ДИК) го потпиша договорот со германската компанија Дермалог. Ќе се набават терминали за читање отпечатоци од прсти со сервер за нивно функционирање, а Дермалог ќе го врши одржувањето во следните 4 години. Договорот изнесува 11 милиони евра. Првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти што ќе се применуваат на локалните избори на 17 октомври годинава, треба да пристигнат на 25 август.

“Договорот е склучен и покрај ова што го рековте вие, софтверот и терминалите тука спаѓа и друга опрема што значи дополнителна опрема, резервни делови, тука спаѓа кутијата односно класичното куферче за чување на опремата кое исто е направено по одредени стандарди за да не може да подлежи на кршење, на прашина, вода, литиумски батерии, тука се каблите за поврзување и целокупната опрема. Со него е купен и мрза скенерот и термалниот принтер” – изјави Даштевски.

Договорот ги опфаќа и услугите што компанијата треба да ги испорача кон Комисијата во наредните 4 години. 

“Услугите како што е дефинирано вчера во договорот ќе траат не само за овој избирачки процес, туку ќе траат во наредните 4 години, сервисирање на опремата и спроведување на целиот изборен процес во смисла на ставање на отпечатоци на прст. Она што беше дилема во јавноста дека зошто ваков договор и како ќе се направи тоа, значи е решено со ова, бидејќи сервисната поддршка ќе изнесува 60 месеци, сметано од потпишување на договорот и согласно со планот за поддршка и одржување наведена во техничкиот дел на понудата на носителот на набавката, а носителот на набавката е компанијата со која го склучивме, тоа ќе значи дека тие услуги што ќе ги дадат се да бидат присутни тука на теренот со 150 и повеќе инженери ако проценат. По склучување на договорот, тие ќе склучат договори со контрактори и супконтрактори што ќе им бидат тука за помош, за логистика” – рече Даштевски.