ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ЌЕ НАПРЕДУВА СО ВМРЕЖУВАЊЕ НА 1304 ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ, ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: СИТЕ УСЛУГИ ЌЕ БИДАТ ДОСТАПНИ ОНЛАЈН ВО РОК ОД ЕДНА ГОДИНА

0
671

Институциите нема веќе да ви бараат лична карта, извод од матична книга на родените или имотен лист кога ќе одите да вадите нови документи. Владата најавува промени во начинот на кој што ќе се вадат документите во институциите. Ќе се промени и начинот на кој се закажува термин за склучување брак во Управата за водење матични книги, се со цел да се стави крај на чекањето во редици. Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски навести дека од 1 јули следната година, институциите веќе нема на граѓаните да им бараат извод од матичната книга на родените ниту имотен лист при промена на личната карта. Сите институции ќе ги повлекуваат овие податоци автоматски и вмрежано, преку национална платформа за интероперабилност.

Платформата за интероперабилност е замислена како еден автопат по кој што може да се разменуваат информации, а 1304 институции ќе се приклучат на неа. Дел од овој систем веќе функционира. На пример, на интернет може да се извади сертификатот за вакцинација или дозволата за движење во полициски час. Меѓутоа, од јули 2022 година, според најавите и институциите ќе може да си разменуваат информации по службена должност и да им заштедат на граѓаните време нерви и пари.