ДЕЛУМЕН КАРАНТИН ВО СЛОВЕНИЈА ОД 1. ДО 11. АПРИЛ

0
1284

Владата на Словенија денеска ги прифати препораките на епидемиолозите за построги мерки поради зголемениот број на заразени луѓе со Ковид-19.

Од 1 до 11 април во Словенија нема да работат несуштинските дејности, најголем дел од јавната администрација ќе работи од дома, а користење на годишните одмори е препорачан за државните и приватните фирми. Се враќа наставата од далечина, додека децата, чие родители се вработени во важната државна инфраструктура, ќе бидат згрижени во градинките и училиштата.

Ќе биде забрането движење надвор од регионот, освен за Велгиден кога ќе биде дозволено собирање на шест лица од две домаќинства заедно со децата. Повторно се воведува задолжително носење на заштитни маски на отворено.

Од утре Словенија ја засилува и конторолата на надворешните граници поради алармантната состојба во некои држави од Западен Балкан. Во Словенија ќе може да се влезе само со негативен ПЦР тест.