DARPA создаде инсектоидни нозе за летала

0
520
Тука на Смартпортал повеќе пати пишуваме за беспилотните летала и како тие технолошки напредуваат. Од една интересна идеја, преку воени тестови, па сè до цивилни тестови, можевме да видиме цела плејада на концепти за ваквата технологија.
tocka-171198

За жал досега не беше смислен начин како едно (беспилотно) летало да слета на површина која не е рамна (освен ако е многу мало). Класичните цивилни „дронови“ управувани преку далечински управувачи имаат големина помалку од еден метар и нивниот управувач може да ги слета практично каде било – на рамна површина, пишува Smartportal.

Од друга страна, ако во иднина почнат да се употребуваат беспилотните летала за спасувачки или активни воени логистички цели, тие ќе мораат да бидат спремни да слетуваат на било каков, па и нерамен и искривен, терен. DARPA (Defence Advanced Research Projects Agency) не спие, па само што го објави својот најнов проект – роботизирани нозе за летала инспирирани од инсектите.

Како што можете да забележите на горната фотографија, се работи за нозе кои овозможуваат хеликоптерот да слета на нерамна површина. Самото летало ќе има сензори кои ќе ја „почувствуваат“ површината под него, а потоа соодветно ќе ги намести нозете за да се задржи позицијата на леталото и да остане стабилно (и да не се испревртат луѓе или опрема внатре). Според DARPA, ваквите нозе (засега) му овозможуваат на леталото да слета на терен со закривување од 20 степени.

Концептот на DARPA е навистина интересен. Инсектите се голема инспирација за многу од човековите изуми бидејќи еволуцијата кај нив развила најразлични напредни решенија за многу проблеми, како на пример, стоење на површината на водата и движење по неа, качување по ѕидови, прилагодување на површината по која одат и слично. Сите овие можат да се искористат (и се користат) за да се дизајнираат наши решенија на истите проблеми.