ДАРИТЕЛИТЕ НА КОВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМА СПАСИЈА МНОГУ ЖИВОТИ ВО ТЕКОТ НА КОРОНА КРИЗАТА, ФИЛИПЧЕ: БЛАГОДАРНИ СМЕ ЗА НИВНАТА НЕСЕБИЧНА ПОМОШ И ИМ ИЗРАЗУВАМ ПОЧИТ

0
162

Овие хумани луѓе се само мал дел од дарителите на ковалесцентна плазма, кои со својата несебичност спасуваа човечки животи во пандемијата. 

На Институтот за трансфузиологија од вкупно 1637 оздравени пациенти се обезбедија 1732 единици на ковалесцентна плазма за третман на пациентите со најтешка форма на болеста. Во рамките на ковид центрите, вкупно 1431 пациенти се третирани со ковалесцентна плазма на територијата на целата држава. Чест ми е што денеска имав можност да се сретнам со неколкумина од нив и лично да им изразам почит за нивната хуманост.

-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ