ЕВРОПА СЕ ОТВОРА И ЗА НАС: ДАНСКА ДОЗВОЛИ СЛОБОДЕН ВЛЕЗ НА ГРАЃАНИ ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА БЕЗ КАРАНТИН И СО ТЕСТИРАЊЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО

0
967

Министерство за надворешни работи на кралството Данска објави дека земјите од портокаловата листа како што се Северна Македонија, Албанија, Либан и Србија се додадени на жолтатата, откако институтот Статенс објави пад на стапката на инфекција во сите овие земји.

Според соопштението од Министерството, од 19 јуни патниците кои доаѓаат од овие земји имаат право да влезат во Данска без карантин и без двојни барања за тестирање. Сепак останува непроменет условот за тестирање по пристигнувањето од жолтите земји. Освен овие земји, на жолтиот список се додадени и неколку региони на Грција, Шпанија, Франција и Швајцарија.