ДАНЕЛА АРСОВСКА Е ПОГОДНА ВМРОВСКА МАРИОНЕТА И ЗА ДА ЈА ПРЕДВОДИ ЗЕЛС: ЌЕ СЕ ПОСВЕТИМЕ НА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА И ЗА ПОГОЛЕМА ФИСКАЛНА НЕЗАВИСНОСТ НА ОПШТИНИТЕ

0
913

Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска ја избраа за претседателка на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). За потпретседатели се избрани градоначалниците на Чаир и на Валандово, Висар Ганиу и Перо Костадинов.  

“Управниот одбор денеска едногласно ми ја даде својата доверба во следниот четиригодишен мандат да го водам ЗЕЛС како негов претседател. Продолжување и поинтензивно посветување на процесот на децентрализација кој се одвива повеќе години наназад и кој во следниот четиригодишен период би требало да обезбеди поголема финансиска стабилност на локалната власт и преземање нови и поголеми надлежности на единиците на локалната самоуправа” – изјави Арсовска.

Таа смета дека ќе тече процесот на децентрализација, поинтензивно во следниот период.

“Верувам дека во тој процес на децентрализација ќе успееме да постигнеме и поскоро пренесување на зголемен број надлежности од централната на локалната власт, поголема фискална независност на самите општини, како тие би можеле да располагаат со средствата за да можат да ги реализираат проектите што ги имаат ветено пред граѓаните” – рече Арсовска.