По координарот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелина Петковска, позитивен на коронавирус е и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Утрово правел тест и му била потврдена дијагнозата.
Тој пред два дена имаше контакт со сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, но и со лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. На средбата тој се онесвести, а објаснувањето беше дека тоа било последица на моментална слабост од премореност од кампањата. На таа средба никој од присутните не носеше маска.