ДА УЧИМЕ ОД ДОБРИТЕ ПРИМЕРИ НА БАЛКАНОТ: ХРВАТСКА ВЕЌЕ ВАКЦИНИРАШЕ НАД 50% ОД ВОЗРАСНОТО НАСЕЛЕНИЕ СО ДВЕ ДОЗИ

0
1087

“Хрватска денеска ја надмина бројката од 50 проценти целосно вакцинирана возрасна популација” – објави хрватскиот министер за здравство Вили Берош.

“Постигнавме 50% вакцинирано возрасно население. Благодарност на сите што се дел од оваа позитивна статистика и на луѓето на терен што ги направија вакцините максимално достапни. Втората фаза од борбата против коронавирусот е пред нас. Изберете наука и искуство” – порача министерот Берош.

Најголем процент на вакцинирани со прва доза е постигнат во Градот Загреб (48% од вкупното население или 58% од возрасната популација) и со втора доза (44,2% од вкупното население и 53,5% од возрасната популација).