ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ПОВЛЕКУВА И ПОМОШ ВО КРИЗНИ СИТУАЦИИ: СЛОВЕНИЈА ИСПРАЌА 16 ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА И 46 ПОЖАРНИКАРИ ЗА БОРБА СО ПОЖАРИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
718

Во земјава ќе пристигнат 16 противпижарни возила и 46 пожарникари од Словенија за да помогнат во гасењето на пожарите. Помошта од Словенија се реализира по вчерашниот телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин.

“Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро” – и’ напишал министерот Тонин на министерката Шекеринска.

Вчера министерката се заблагодари за помошта од соседните држави и НАТО сојузниците.

“Навистина ми е драго што колегата Тонин многу брзо реагираше позитивно, и по првичните најави за помош кои што дојдоа од Србија и Бугарија, имаме ист одговор и од страна на Словенија. Тоа покажува голема солидарност од страна на нашите сојузници и од соседите” – рече министерката Шекеринска.