ЦИРКУЗАНТОТ ВО ПОЛИТИКАТА, ТРИФОНОВ ЌЕ ГИ УЦЕНУВАЛ И ЕУ И САД: ПУШТЕТЕ НЀ ВО ШЕНГЕН ЗОНАТА НА ЕУ И ДАЈТЕ НИ БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ СО САД И ЌЕ ЈА КРЕНЕМЕ РАМПАТА ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

0
760

Од Софија полека стигнуваат барања за правење пазар со ЕУ и САД за да не се инаетат глупаво против нас. Прв се јави коалициониот партнер во бугарската власт, Слави Трифонов, лидер на партијата “Има таков народ”.

Трифонов поставува неколку услови за Бугарија да ја одобри преговарачката рамка за Северна Македонија. Тој бара САД да ги укинат визите за бугарските граѓани, а ЕУ да ја прими Бугарија во Шенген зоната, за да го повлечеле ветото.

“Ќе ви кажам што мислам. Бидејќи Американците толку многу ја сакаат Северна Македонија во Европската унија, нека за граѓаните на Бугарија како и за граѓаните на повеќето земји во Европската унија, да не им требаат визи за да одат во Америка. Односно, ние сме полноправна членка на ЕУ и бугарските граѓани, бидејќи се Европејци, да немаат потреба од визи за да одат во Америка” – побара Слави Трифонов.

“Доста е од чекање, чекалници, веќе сме Европејци, ама сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи веднаш без визи за Америка и членка на Шенген” – гласно размислува Трифонов.

Потоа потценувачки кон нас вели: “Под овие услови и доколку Македонците ги исполнат нашите услови потпишани во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, можеме да го започнеме преговарачкиот процес за пристапување на Северна Македонија во Европска унија”.

Ако продолжат вака да се однесуваат против САД, многу брзо ќе добијат скршени заби со дипломатски средства.