ЦИПРАС ПО СРЕДБАТА СО ПАПАТА ФРАНЦИСКО ВО АТИНА: ПОДДРШКА ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ЗА МИРЕН СОЖИВОТ И БОРБА ПРОТИВ НАЦИОНАЛИЗМОТ ШТО ГИ ДЕЛИ НАРОДИТЕ

0
1056

Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас му се заблагодари на папата Франциско за поддршката на Договорот од Преспа за време на говорот во Претседателската палата во Атина кога ја искажа неговата почит за тешкиот пат до Договорот од Преспа.

Ципрас се сретна со папата во Амбасадата на Ватикан во Атина. По средбата, тој изјави дека разговарале за мигрантското прашање, за пандемијата и за Договорот од Преспа.
“Му се заблагодарив за неговото споменување на Договорот од Преспа. Ако можевме да придонесеме за мирен соживот и борбата против национализмот што ги дели народите и предизвикува војни и конфликти, бевме на вистинската страна на историјата” – објави Ципрас.

“Имав можност да разговарам со него за лицемерието на владите на ЕУ кон човечката драма на бегалците и мигрантите, каде што зборуваат за човековите во време додека градат огради и отфрлаат каква било легална миграциска рута. Но и за проширувањето на нееднаквостите, сиромаштијата и социјалната исклученост во целиот свет, за алчноста на развиениот свет кон третиот свет, со одбивањето да се укине патентот за вакцините што ќе овозможи масовна вакцинација на стотици милиони граѓани” – смета Ципрас.