КОЛЕ ЧАШУЛЕ СО НОВА ЏИНЏЕР ТЕОРИЈА: ЗАЕВ Е КРИВ ЗА ОВА ШТО НИ ГО ПРАВИ ЕУ И СО ВАКЦИНИТЕ И СО БУГАРСКОТО ВЕТО ЗА ПРЕГОВОРИТЕ

0
2290

Коле Чашуле во неговата емисија “Седмица” повторно се обиде да ги оцрнува премиерот Заев и СДСМ.

Дефетистички почна да крева трагедија за тоа како еврокомесарот Вархеи и одредени европски кругови заговараат одвојување на Албанија од пакетот со Македонија со цел таа земја да напредува, а ние и натаму да си губиме време со надмудрување со Бугарија која што за брзо време нема да ни го тргне ветото. Според него, и ЕУ е свесна дека Македонија нема да ги прифати бугарските уцени, но и дека никој нема намера да врши притисок кон Бугарија за да се откаже од ветото. И сето тоа, по автоматизам ја става Македонија во категоријата на полудржави како Босна и Косово. И сето тоа наводно било по вина на премиерот Заев, кој што прво го склучил капитулантскиот договор со Грција, а потоа и тој со Бугарија, без никакви гаранции за нашата иднина. И така Заев наводно си направил свој хибриден режим кој што реално немал шанса да мрдне никаде подалеку.

Исто така ја нападна и самата ЕУ која што преку еврокомесарот Вархеи ни донела само 4800 вакцини од Фајзер иако нашите потреби се далеку поголеми и ситуацијата досега беше тешка.

Потоа Чашуле се обиде да спинува дека Заев почнал да ги отстранува противниците во внатрешните редови во СДСМ, па со брзи потези биле елиминирани ликови од скопското крило како Шекеринска.